Вечерва во центарот на култура Григор Прличев ќе се одржи проекција на филмот „Мирно лето“во режија на Димитрие Османли. Со вечерашното прикажување на филмот ќе се одбележи 50 годишнината од снимањето на единствената македонска комедија од која целото дејствие се одвива во Охрид. Во вечерашната проекција повоздрасната публика ќе се потсети како некогаш изгледале хотелот Палас, Чинарот, Канео, Св. Климент, поточно ќе се присети што е тоа Македонското филмско наследство.
Вечерва на проекција на филмот ќе присуствува и дел од актерската екипа, Љупка Џундева и Мери Бошкова, но и помошник режисерот на филмот, Александар Ѓурчинов.
„Филмот и по 50 години е млад и нема брчки“, рече Мими Ѓоршеска Директорот на кинотека на Р.Македонија, цитирајќи македонски филмофил.
„ Се надевам дека ова е вистински начин за одележување на љубилејот на „Мирно лето“. Вистински начин повоздрасната публика да се потсети на она што се нарекува филмска вредност, филмско наследсво, а помладите да видат какви биле филмските вредности пред 50 години. Филмот е првата или единствената македонска комедија“, истакна Директорот на кинотека на Р.Македонија, Мими Ѓоршеска.
Филмскиот критичар и автор на емисијата „Филмко око“ која се емитува на Телевизија ТВМ, Ѓоко Симјаноски на пресс конференцијата презентираше историски податоци за фимот. Тој кажа дека Првиот и единствен македонски филм, ако не се сметаат „Викенд на мртовци“ и „Балкан –кан“ -„Мирно лето започнал да се снима во Охрид на 25 септември месец 1960, а премиерно бил прикажан на 18 април 1961 год. Симјановски додаде дека филмот третира една безвремена приказна и дека охриѓани и ден денеска на шега преку лето можат да кажат: Годинава дома е „мирно лето“.
„ Жално е што во 50 години досега не е снимена само една вистинска македонска комедија. Ова е прв филм ражиран од македонски режисер. Значаен по многу нешта, посебно за охриѓани. Сите екстериери снимани во Охрид“, вели авторот на емисијата „Филмско око“, Ѓоко Симјановски.
Прашањето зошто во Македонија не се снимаат комедии се обиде да го одгатни Филмскиот критичар, Илинденка Петрушеска. Таа додаде дека за да се сними комедија е многу тешко и драматуршки но и актерски. Петрушевска потенцираше дека за македонски филм секогаш имало интерес. Се потсети на натписите од мај месец 1961 год. , од хрватскиот филмски критичар, Младен Хланзовски.
„ Хланзовски вели овој макеодски филм е успашен кој претходната годна влезе во селекцјата на осмиот по ред Пулски фестивал и кој претрка многу позначајни автори и центри. Тој додава дека македонските режисери конечно открија свои режисери, имаат свое откритие“, вели филмски китичар, Илинденка Петрушеска.
Продуцент на филмот „Мирно лето“ е Вардар Филм. Во него игра видна актерска екипа, од кои сите се македонци, освен гланата машка улога Слободан Перовиќ. Покрај него играат Љупка Џундева и Мери Бошкова, дамите кои и вечарва ќе бидат во Охрид на проекцијата на филмот, потоа Илија Милчин, Петре Прличко, Дарко Дамески.
Филмот во 1961 год само за четири дена го виделе 17 илјади гледачи.
Вечерва во центарот за култура филмот ќе биде прикажан на 35 милиметарска копија и влезот за посетителите ќе биде бесплатен. Проекцијата на филмот која е во рамките на фестивалот „Охридско лето започнува во 21.00 часот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град