50 денари партиципација за секој преглед на матичен

Ова е барањето кое Здружението на матични лекари го достави до Фондот за здравство. Оваа услуга досега беше бесплатна, но доколку се прифати овој предлог, ќе биде давачка плус за пациентите. Граѓаните крајно незадоволни, реакции стигнаа и од невладината „Светла иднина 2009“.

 |  Мишел Наумоски  | 
lekar
lekar

Матичните лекари бараат 50 денари партиципација за секој преглед. Овој предлог ќе се разгледува утре во Фондот за здравство, а доколку се усвои, и оваа бесплатна услуга ќе замине во историјата. Ова ќе значи дека секоја консултација, посета, или преглед ќе мора да го платите, а доколку пациентот треба да прими инјекција, или некаква терапија ќе мора да даде и повеќе пари. Еве што мислат Охриѓани за овој предлог.

„Мислам дека не е во ред. Народот нема пари, плаќаат други давачки и ова ќе е многу. А лекарите си добиваат капитација преку Фондот.“

„Нека си го регулираат тоа со Фондот, мислам дека не е во ред ама доколу се договори тоа со фондот и ние ќе партиципираме.“

„Народот не може да ги доплати другите сметки, а сега ова.“
„Претераа…“-велат дел од Охриѓани.

Предлогот за наплаќање на секој преглед кај матичен лекар доби остри критики и од невладината организација „Светла иднина 2009“. „Ние како невладина организација ова не го оправдуваме заради тоа што знаеме дека има многу семејства што не земаат некои големи примања, има социјално загрозени, има семејства каде што ниту еден член од семејството не работи, има семејства со ниски пензии, имаме и доста болни луѓе во Република Македонија што секој човек се плаши од ова нешто затоа што секое влегување ординација да плаќаш 50 денари ние сметаме дека тоа не е во ред.“-рече Атеме Арслан-Претседател на НВО „Светла иднина 2009“.

Slave KrstanoskiМатичните лекари овој предлог го правдаат со доцнењето на средствата кои треба да им ги префрли Фондот за здравство. Токму таму на преговарачка маса предлогот ќе биде разгледуван утре, по што ќе се знае дали ќе има нова давачка за пациентите. А она што е познато, е дека од 1 Јануари годинава започна новиот начин на упатување на пациентите. Веќе е 20ти Јануари, а помеѓу лекарите, но и пациентите сеуште постои забуна околу тоа кој каде смее да упатува.

„Основно што треба да знаат и пациентите е дека матичните лекари можат да ги упатат до специјалист. Во исклучителни случаи издаваат болничко лекување ако се работи за итен случај или некое хронично заболување односно хронично влошено заболување. Понатака специјалистот хоризонтално упатува на друг специјалист, лабораторија, рендген, компјутер, магнетна или во клиника и клинички центар во Скопје.“-вели Славе Крстаноски-Раководител на П.Е ФЗОМ-Охрид.

Овој начин на упатување на пациентите доби остри критики околу неговата оправданост, но портпаролот на ФЗОМ, Бранко Аџигогов тврди дека оправданоста е многукратна, а пред се поради штедењето на скапата апаратура. Тој додава дека со стариот начин на упатување често се случувало матичниот лекар непотребно да издаде упат за вршење на скапа дијагностика.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top