Декември го започнуваме со пет нови наслови кои од денеска можат да се најдат на пултот за зајмување во охридската библиотека, информираат од НУ „Библиотека“ Охрид.
Декември го започнуваме со пет нови наслови кои од денеска можат да се најдат на пултот за зајмување во охридската библиотека, информираат од НУ „Библиотека“ Охрид.
„Во војната и љубовта“ од македонската актуелна авторка Верица Митева во издание на Паблишер. Од издавачот Сакам книги се следниве четири наслови: „Можеби овој Божик“ и „Летото смени се“ од Сара Морган.
Наш предлог се и втората и третата книга од серијалот Роберт Хантер од авторот Крис Картер: „Џелатот“ и „Демнач во ноќта“.
Потсетуваме дека годишната членарина во библиотеката е 200 денари за деца и 300 денари за возрасни. Библиотеката за работа со читатели е отворена од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот – додаваат од Градската Библиотека.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град