5-ти летен едукативен камп за децата со дијабетес

Децата со дијабетес од целиот свет на летен едукативен камп во Охрид. Кампот е под покровителство на Дистрикт 132 од Македонија на Лајонс Интернешнел. Тие во Охрид ќе престојуваат десеттина дена, а покрај забавата и рекреацијата, заедно со искусен медицински тим, ќе учат како да живеат подобро и да се справуваат со оваа болест.

 |  Мишел Наумоски  | 
kamp dijabet
камп дијабет

Започна петтиот летен едукативен камп за децата со дијабетес од целиот свет. Тие на овој камп ќе учат како да бидат посамостојни во животот, како да спортуваат безбедно и како полесно да се справуваат со оваа болест, без тоа да им го намалува квалитетот на нивното живеење. Овој летен камп веќе традиционално е организиран и е под покровителство на Лајонс Интернешенел или поточно Дистрикт 132 од Македонија, чие мото е „Ние служиме“.

detski kamp dijabet„Ние служиме на тие што им е потребно. Вечерва сме собрани за 30-40 деца кои се дојдени од повеќе земји. Ние ќе служиме наредните 10 дена, односно покриваме финансиски се, а внатре е инкорпорирана и едукација. Како да живеат подобро, како да ги научиме да се дружат меѓу себе и да им кажеме дека се тие секојдневен граѓанин на ова друштво. Овие денови ќе бидат учени на кој начин да прават физички напор, колку лебни единици им требаат, како треба да калкулираат она што им е неопходно да земаат против шеќерната болест која претставена како дамка во гените.“-рече Проф.д-р Јоцо Савески-Гувернер на Дистрикт 132

По повод отворањето на овогодинешниот летен камп, дечињата облечени во маички со логото на Лајонс Интернешенел, со велосипеди возеа низ Охрид.

Делувањето на Лајонс Интернешенел е широко и опфаќа повеќе области.

Joco Saveski„Лајонс Интернешнел има седум полиња на делување. Првото поле е за елементарни непогоди, другото се деца, ние напоредно со овој камп имаме уште еден камп со размена на млади, ние веќе имаме 20 деца кои се во Македонија и се распоредени во семејства, за да ја запознаат Македонија како култура. Понатаму има дел за мали деца, за гладните, лица со пореметувања во видот, во слухот, а дијабетесот е една од тие болести.“-додава Проф.д-р Јоцо Савески-Гувернер на Дистрикт 132

На едукативниот дел од овој камп, заедно со децата, ќе работи и искусен медицински тим, кој ќе им помага во учењето на новите сознанија за болеста со која се борат. Најголемиот број од дечињата на овој летен камп доаѓаат од регионот, вклучително од Србија, Бугарија, Косово, Албанија, Црна Гора, но има и деца кои доаѓаат од САД, што само говори за глобалното значење на кампот.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top