Стотици семејства од Охрид и околината немаат електорнски уреди за следење на настава. Затоа младите од Охрид во акција. Собираат компјутери, лап топи и таблети кои ќе ги донираат на социјално ранливите ученици за да може да следат олајн настава.
Стотици деца особено од многудетните семејства во Охрид и околината се соочуваат со недостиг на компјутери. Сите тие имаат потешкотии за учење од далечина.
Затоа младите охриѓани покренаа акција за донирање на компјутери за социјално ранливите категории. Културолошката иницијатива „ 5 до 12“ започна со собирање на користени електронски уреди , кои ќе се донираат на учениците кои немаат можности да следат онлајн настава.
„ Да се соберат што повеќе и да се помогне приоритетно онаму каде што е најпотребно бидејки има семејства со неколку деца каде ниедно дете нема лап топ или компјутер социјално зарозени случаи така што се надеваме дека ќе има добар одзив и инавистина ќе помогнеме каде што треба да се помогне“, вели Јован Цветкоски тим лидер на иницијативата „5 до 12“.
Интересот за донирање од страна на граѓаните е голем, но ќе се бара поддршка и од големите компании во градот кои работат со електорника. Старите компјутери ќе се ставаат во функција и со помош на Црвен крст ќе се делат на оние ученици на кои им се најпотребни.
„Планираме да исконтактираме заедно со Црвен крст и со директорите , професорите и класните раководители на училиштата бидејќи тие најдобро знаат на кого му е приоритетно најпотребно и оние кои нас приватно не` контактираат и ќе ни кажат каква им е ситуацијата. Планираме да биде фер кон сите“ , додава Цветкоски.
Општина Охрид пред почетокот на учебната година донираше 50 таблет компјутери за социјално загрозените семејства во Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град