46 загинати во македонски автобус кој се превртел и запалил во Бугарија

Најмалку 45 лица загинале во сообраќајна несреќа на македонски автобус кој се враќал од Истанбул за Скопје.

 |  Голабовски Крсте  | 

Најмалку 45 лица загинале во сообраќајна несреќа на македонски автобус кој се враќал од Истанбул за Скопје.

Според првичните информации, загинале најмалку 46 патници во автобус од Македонија кој сообраќал кон Скопје. Автобусот се запалил и се превртел, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи, додавајќи дека ова е една од причините зошто луѓето не можат да се спасат. Инцидентот се случил нешто по 2 часот по полноќ кај селото Боснек во делот на автопатот Струма меѓу Перник и Дупница, на 31 километар југозападно од Софија.

Истрагата ја презеде екипа на Националната истражна служба, изјави портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева. Бугарскиот премиер Ј. Јанев им изрази сочувство на семејствата на загинатите и ги повика истражителите да си ја завршат работата.

Автобусот  е на „Беса транс“ која организира туристички и шопинг тури за Истанбул.Според првичните информации, во автобусот се превезувале млади лица кои се враќале од екскурзија од Турција.Претходно, и премиерот Зоран Заев за МИА изјави дека се работи за страшна трагедија во која 12 деца се помали од 18 години, а и другите се млади луѓе на околу 20-30 години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top