Се одржа ждрепката за баскет турнирот 3×3

Во просториите на ЈП Билјанини Извори пред присутните претставници на сите 14 екипи пријавени за 7-мо Ноемврискиот турнир во баскет 3×3 се одржа ждрепка за двете групи согласно договорениот формат на турнирот.

 |   | 

Во просториите на ЈП Билјанини Извори пред присутните претставници на сите 14 екипи пријавени за 7-мо Ноемврискиот турнир во баскет 3×3 се одржа ждрепка за двете групи согласно договорениот формат на турнирот.

Двете групи се состојат со по седум екипи и тоа : Група А – Мт Интернационал, Кентерс, Ликвид, Органска Буковка, Дентал Медика, Коста 2 и Нова Ривиера.

Група Б – Алпојо, Аквариус, Леарница, Коста 1, Грини, НОА и Попаџонс Лихнида.

Натпреварите по групи се играат по принцип секој со секого додека најдобрите четири екипи од секоја група понатаму се вкрстуваат се до
финалниот натпревар.

Првото и второто коло е закажано за во недела 20 октомври со почеток од 19 часот, натпреварите се играат во спортската сала “Билјанини Извори”. ЈП Билјанини Извори ги покануваат сите љубители на кошарката, спортот, рекреацијата да дојдат и заедно со екипите да ги проследат натпреварите од вториот по ред турнир во Баскет 3×3 кој сеорганизира по повод претстојниот празник 7 – ми Ноември денот наослободувањето на Охрид. Влезот е слободен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top