360 охридски матуранти по петти пат го танцуваа Kвадрилот

Околу 360 охридски матуранти од општинското средно Училиште „Св. Климент Охридски“, точно напладне беа дел од матурската парада која се одржа во стотина градови од 10 земји во Европа.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Околу 360 охридски матуранти од општинското средно Училиште „Св. Климент Охридски“, точно напладне беа дел од матурската парада која се одржа во стотина градови од 10 земји во Европа.

Тие по петти пат го танцуваа квадрилот од Штраусовата опера  „Лилјакот”. Матурантите ја прославија својата зрелост на охридскиот плоштад под водство на професорката по физичко воспитување Соња Думбалова Делова.  Квадрилот траеше осум минути,а „Матурската парада“ е истовремено танцување на Штраусовата опера „Лилјакот“ и се игра во четири слики: Панталон, Ете, Пасторел и Финале.Охридските матуранти се дел од големата европска манифестација која годинава е под мотото „ Со танц против насилството“. Сите заедно и овојпат ќе се обидат да го урнат Гинисовиот рекорд во групно танцување.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top