Според опозицијата најважно е реализацијата на оваа идеја да оди во корист на Охрид и охриѓани. Градоначалникот уверува дека со условите во тендерот кој ќе го објават ова ќе биде испочитувано.
Сезонски летови од летото 2015та, редовни линии до охридскиот аеродром почнувајќи од 2016тата. Дали конечно ќе дојде до реализација на идејата за субвенционирање на авио летови кон и од охридскиот аеродром. Денес на седницата на Советот на општина Охрид, советниците едногласно ја поддржаа оваа идеја и изразија надеж за нејзина конечна реализација. Според градоначалникот Бакрачески, првата дестинација која ќе биде субвенционирана најверојатно ќе биде аеродромот Лутон во Англија. Од опозицијата со став дека како даватели на субвенцијата, општина Охрид во тендерот кој ќе го објави за оваа намена треба да има услови кои пред се одговараат на локалната.
„Во текот на преговорите треба да се најде еден модус во кој што ќе се задоволат барањата, сепак сме ние, тие кои што ја даваме таа финансиска помош и би требало да се води сметка да биде приоритет нашите барања да се задоволат. Конкретно имаме два правци и варијанти, едната е директна дестинација од каде би доаѓале туристи, тоа е идејата која ја заговара градоначалникот, а втората идеја се оние таканаречени отскочни дестинации.“-вели координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски.
Досегашните преговори со заинтересираните авиокомпании, според градоначалникот Бакрачески одат во насока на тоа дека најверојатно првата субвенционирана дестинација ќе биде Лутон-Англија.
Тој додава дека локалната успеала да издејствува, Министерството за транспорт и врски, освен субвенционирање на директни летови од Базел до Скопје, истото да го направи и за охридскиот аеродром. Според градоначалникот, Охрид и Македонија, доколку се реализира оваа идеја ќе има двоен бенефит.
„Авиокомпаниите ќе се грижат и за маркетингот за промовирање на град Охрид. Нивната обврска ќе биде да донесат одреден број на туристи односно патници на охридскиот аеродром и исплатата на средствата со онаа динамика која ја кажав ќе зависи исклучиво од исполнување на бројката што значи дека авиокомпанијата добитник на тендерот ќе има обврска да врши промоција на Охрид за да ги исполни обврските од договорот. Имаме двојна корсит, не само во функција на редовни летови кон охридскиот аеродром, туку во исто време, авиокомпанијата добитник на тендерот ќе има задача да врши промоција на туристичката понуда на Охрид.“-вели градоначалникот Никола Бакрачески.
Бакрачески потенцира дека добитникот, односно оној со најдобра понуда на тендерот кој ќе биде објавен за субвенционирање на авио летови до Охрид ќе добие субвенција во износ од 36.000.000 денари распределена на четири рати, а во периодот од 2015та до 2018та година. Во 2015та авиокомпанијата ќе добие 6 милиони денари, во 2016та и 2017та12 и уште 6 милиони во 2018та година. Како причина за неуспешниот тендер во текот на минатата година, Бакрачески го посочи пропуштениот рок на пријавување на летовите од страна на заинтересираните авиокомпании. Токму затоа, тој вели дека оваа година истиот ќе биде објавен многу порано.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град