Квалитетно, модерно и ефикасно образование претставува стратешки приоритет на државата. Но македонското образование се соочува со бројни инфраструктурни проблеми, слаб квалитет според меѓународните тестирања, несоодветни образовни програми и недоволна мобилност, кажа денеска на прес конференција кандидатот за паратеник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија, Лидија Петкоска.
Квалитетно, модерно и ефикасно образование претставува стратешки приоритет на државата. Но македонското образование се соочува со бројни инфраструктурни проблеми, слаб квалитет според меѓународните тестирања, несоодветни образовни програми и недоволна мобилност, кажа денеска на прес конференција кандидатот за паратеник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија, Лидија Петкоска.
„Новата образовна и научно-истражувачка стратегија што ВМРО-ДПМНЕ ја предлага ги издвојува следниве приоритети:
Зголемување на средствата за образование од 3,7% на 5% од БДП; Запирање на одливот на работоспособни кадри; Осигурување на квалитет во образованието преку поврзување на стандардот на квалификации и пазарот на трудот со образовните програми; Инфраструктурна изградба на образовниот систем; Покачување на платата на наставниот кадар за подобрување на нивниот стандард односно 36.000 денари плата за наставниците и до 100.000 денари за универзитетските професори.
Наша цел е да креираме инфраструктура за сите и затоа се обврзуваме на изградба и реконструкција на основни, средни училишта и факултети, како и реновирање на студентските домови.“ – кажа Петкоска.
На образованието неопходно му е потребно развој на централен електронски систем за интеграција на сите образовни институции и вмрежување со останатите образовни институции. И во моментов најважното – Национална дигитална платформа за далечинско и е-учење, потенцира Петкоска.
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ исто така се обврзува на реформа на наставните планови и програми; Современо опремени училишта со дидактички, нагледни средства и техничка опрема потребни за реализација на модерна настава; Средно стручно образование во функција на стопанството и проширување на дуалниот систем на стручно образование по принципот учење преку работа на реално работно место; Отворање реални компании во средните стручни училишта; Професионална ориентација и кариерно советување на учениците; Намалување на административните обврски на наставниот кадар; Кариерно напредување на наставниците; Воведување на знаковен јазик како наставен предмет во средните училишта; Заштита и афирмација на македонскиот јазик во дијаспората; Закон за претшколска возраст и Закон за уметничко образование. “ – порача Петкоска.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град