• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • По триесет и пет години, охридскиот катастар конечно го реши проблемот на еден охриѓанец

По триесет и пет години, охридскиот катастар конечно го реши проблемот на еден охриѓанец

Благодарение на посетата на директорот на Агенцијата за катастар на охридскиот катастар, по триесет и пет години еден предмет доби епилог. Од агенцијата најавуваат почести средби со граѓаните низ цела држава.

 |  Лионела Јаковлева  | 
katastar Ohrid
katastar Ohrid

Благодарение на посетата на директорот на Агенцијата за катастар на охридскиот катастар, по триесет и пет години еден предмет доби епилог. Од агенцијата најавуваат почести средби со граѓаните низ цела држава.

Цветко Јанкуловски,  триесет и пет години не можел да добие имотен лист поради тоа што за дел од неговиот имот кој се наоѓа во близина на некогашната Винарска визба државата тврдела дека е во нејзина сопственост. Тој правдата сите овие години ја барал во охридскиот катастар и во институциите на системот, за конечно денес да се реши неговиот случај.

Ljupco GeorgieskiСлучајот на Јанкуловски се реши благодарение на посетата на охридскиот катастар   на
директорот на Агенцијата  за катастар, Љупчо Георгиевски. Ова доаѓање на Георгиевски во Охрид  е дел од неговите редовни работни посети на катастарските служби низ републикава. Според него охридскиот катастар е еден од поажурните во Македонија. Според официјалните податоци со кои располага агенцијата минатиот месец имало заостанати 90 предмети. „Таа бројка не е алармантна ако се земе во предвид дека во Битола  бројот е за пет пати поголем“, вели Георгиевски.

И градоначалникот Петрески е задоволен од работата на охридскиот катастар. Тој вели дека во Охрид има доста инвестиции од кои се полни касата на општината, а тоа значи дека катастарот добро си ја врши работата

Оваа посета на охридскиот катастар од страна на екипата на Агенцијата на катастар од Скопје ја искористија голем број граѓани од градов кои имаа некаков проблем од оваа свера. Вакви средби досега биле реализирани во Битола, Прилеп, Куманово, Велес, каде биле решени од 40 до 80 предмети. Нареден град кој ќе го посети директорот на агенцијата е Струга.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top