• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • КРИЗЕН ШТАБ ОПШТИНА ОХРИД: ПОВЕЌЕ ОД 300 МОТОРНИ ВОЗИЛА СО РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ ОД ДРУГИ ОПШТИНИ ЗА 24 ЧАСА ВЛЕГЛЕ ВО ОХРИД

КРИЗЕН ШТАБ ОПШТИНА ОХРИД: ПОВЕЌЕ ОД 300 МОТОРНИ ВОЗИЛА СО РЕГИСТАРСКИ ТАБЛИЧКИ ОД ДРУГИ ОПШТИНИ ЗА 24 ЧАСА ВЛЕГЛЕ ВО ОХРИД

Од денешниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, беа донесени следните заклучоци:

 |   | 

Од денешниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, беа донесени следните заклучоци:

Од утре пред сите поголеми маркети на територијата на Општина Охрид од страна на Кризниот штаб ќе бидат поставени редари кои ќе имаат за задача да спроведуваат ред и ограничување на бројот на лица кои влегуваат во маркетите, во согласност со препораките за превенција од Ковид 19.

Најголемиот производител на леб и бели печива во Охридскиот регион “Жито Леб” ќе се приклучи во хуманитарната акција за доставување на основни прехранбени намирници до најзагрозените семејства, која беше иницирана од на Кризниот штаб на Општина Охрид.
Започнувајќи од утре, секој работен ден во попладневните часови, Мобилните тимови на Општина Охрид и Охридскиот Црвен крст ќе подигнуваат прехранбени пакети од “Жито Леб” и ќе ги доставуваат до најзагрозените и социјално ранливи семејства, по утврден список на Црвен Крст.

Беше заклучено дека се потврдија очекувањата, поради која Кризниот штаб на Општина Охрид, побара од Кризниот штаб на Владата на Република Северна Македонија да ја разгледа можноста за воведување на забрана за влез на жители од други општини во Општина Охрид и да се зголеми контролата на жителите од Општина Охрид при влез и излез од градот, непосредно пред велигденските празници. Според евиденцијата на членовите на Кризниот штаб, во текот на изминатите 24 часа, на територијата на Општина Охрид е регистриран влез на повеќе од 300 моторни возила со регистарски таблички од други општини. Од оваа бројка се исклучуваат возилата кои се од соседните општини на Општина Охрид.

Врз основа на оваа состојба и очекувањата дека во текот на следните два дена, оваа бројка ќе биде значително поголема, се упатува АПЕЛ до сите граѓани кои туристички престојуваат во викенд становите и куќите на територија на градот Охрид и крајбрежните населени места, да се придржуваат до сите препораки за превенција и заштита од Корона вирусот Ковид-19. Се апелира особено да се почитува Полицискиот час, забраната за групни собири и прослави, препораката за држење на соодветно растојание на јавен простор, соодветно депонирање на отпадот и носење на соодветна заштитна опрема.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top