30-годишен охриѓанец загина во сообраќајна несреќа кај Подмолје

На 21.02.2022 година во 00:35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките моторни возила со охридски регистарски ознаки: „Ауди” управувано од М.Л. (24) од селото Белчишта, општина Дебрца и „Фолксваген Поло”, управувано од Х.К. (30) од Охрид.

 |   | 
полициска лента

На местото на несреќата починал возачот Х.К., а екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт додека, М.Л.-возач на возилото „Ауди” се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо”. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top