30 дневен притвор за осомничениот за свирепото убиство

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски ги побива шпекулациите кои прокружија по охридската јавност дека причина за грозоморното убиство била прељуба.

 |  Татјана Маленкова  | 
osomnicen
осомничен

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски ги побива шпекулациите кои прокружија по охридската јавност дека причина за грозоморното убиство била прељуба, помеѓу убиениот и неговата снаа.

osomnicen„Јас не го имам убиено мојот брат“, со овие зборови Живко Ангелески, кој се товари дека го извршил грозоморното убиство врз својот брат Александар пред неколку дена, се брани осомничениот.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против (34) Живко Ангелески од Охрид, поради основано сомнение дека е сторител на убиство на свиреп начин. Ангелески во моментов издржува мерка притвор во траење од 30 дена, што му ги одреди Истражен судија.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски потврдува дека според сознанијата на СВР,на убиството му претходела расправија помеѓу двајцата браќа на 30 минатиот месец околу 22,00 часот.
„При таа расправија приведениот се тврд и остар му нанел повеќе удари, на сега починатиот. Потоа го однел во друга просторија каде го исекол на на повеќе делови. Ги ставил во две црни вреќи и пешки го однел на патот за Велестово кеде го рстурил во радиус од 20 тина метри, вели Димовски.

„На местото на злосторството пронајдени се доста траги  кои се од значење за понатамошната истрага“, вели портпаролот на СВР Димоски.

Екипи на СВР извршиле претрес и во домот на пријавениот каде биле пронајдени предмети кои на истажните органи им биле од помош за расветлувањето на она што претходело на чинот на убиството. Димоски ги побива шпекулациите кои прокружија по охридската јавност дека причина за грозоморното убиство била прељуба, помеѓу убиениот и неговата снаа.

СВР превзеде повеќе оперативни мерки со цел да ја расветли истрагата. Под полициска истрага се и мајката и снаата на убиениот, и се утврдува евентуалната нивна поврзаност со случајот. Тие биле повикани на распит во СВР, кога потврдиле дека нетрпеливоста помеѓу браќата била на висок степен. Мајката и снаата на убиениот , Лично не биле сведоци на настанот, но биле во куќата во друга просторија. Доколку истрагата добие друг тек и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Димовски.

Инаку осомничениот Живко Ангелески не го признава делото. Според првичните информации од истрагата убиството било извршено во семејната куќа. Александар бил усмртен со секира која како и други докази за грозоморното убиство, биле пронајдени од полицијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top