• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Алексијоски: ПОранешното раководство на МЗ Д.Лакочереј 3 мил денари од граѓаните не ги уплатило на ЕВН за долг

Алексијоски: ПОранешното раководство на МЗ Д.Лакочереј 3 мил денари од граѓаните не ги уплатило на ЕВН за долг

Покрај со вода од резервоарот , со дополнителни количини од оспособената пумпа на бушотина , од МЈП Проаква планираат да го стабилизираат снабдувањето со вода за пиење селото Долно Лакочереј. Но паралелно екипи на претпријатието ќе бидат на терен да спречат диви приклучоци и злоупотреби, вели директорот Алексијоски. Тој денеска на прес конференција се осврна на состојбите во јавното претпријати по обвинувањата упатени на негова адреса на вчерашниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

 |   | 

Точно е дека во последните две недели поголеми периоди од денот немаше доволно количество на вода и периоди во кои воопшто немаше вода во Долно Лакочереј. Тоа е резултат на користењето на водата за наводнување и големиот број диви приклучоци пред броилата, кажа денеска на прес конференција директорот на МЈП Проаква Владимир Алексијоски. Екипите на јавното претпријатие од вчера овозможиле покрај со резервоарска вода селото да биде снабдувано и со дополнителни количини  вода од бушотина која се наоѓа во Градинар. Тоа треба да го стабилизира снабдувањето со вода за пиење доколку истата не се злоупотребува како техничка вода за наводнување со диви приклучоци пред броилата, вели директорот.

„Нашите екипи од понеделник активно ќе ислезат на терен и сите тие нелегални приклучоци ќе бидат исклучени и корисниците ќе бидат казнети согласно Законот за води. “ – вели Алексијоски.

Алексијоски , осврнувајќи се на обвинувањата упатени од страна на ОК На ВМРО ДПМНЕ на вчерашната прес конференција, кажа дека предходното раководство на МЗ Долно Лакочереј го долвело водоснабдителниот систем во хаотична состојба , со бактериолошки и хемиски неисправна вода според испитувањата на ЦЈЗ и со исклучено броило од електрично напојување поради неплатен долг кон ЕВН. Откако Проаква со одлука на Совет го презеде водоводот мештаните почнаа да конзумираат исправна вода а долгот кон ЕВН во износ од  2 600 000 денарина го презеде општината. Алексијоски открива дека и броилото кај бушотината кај Градинар било исклучено поради неплатен долг кон ЕВН од 270 000 денари.

„Предходните претставници кои претседателствуваа со МЗ , нивни членови, 3 000 000 денари собрани пари од жителите не ги уплатиле во ЕВН. “ – вели Алексијоски.

Што се однесува на обвинувањата за недомаќинско работење Алексиоски кажа дека во моментот кога ја презел  раководната функција, МЈП Проаква должело милијарда и 300 мил ден или околу 23 мил евара. Во Водовод Охрид не биле исплатени 4 плати, во струшкиот 10 плати  , во колектор 9 плати и неможност за користење здравствено осигурување.

„Ние во моментов  исплаќаме од 1ви до 5ти во месецот плата за тековен месец во сите 3 оддели од МЈП Проаква.  Загубата во  2017та год. кога дојдов беше 56 мил денари. За само една година  МЈП Проаква, 2018та година,  за прв пат во 17 години,  ја  заврши со 21 мил денари добивка.“

Откако претпријатието почнало рентабилно да работи се појавиле доверители со правосилни судски пресуди кои побарале да склучат спогодби за наплата на своите побарувања во кои се откажуваат во дел или во целост од каматата. Но тие судски пресуди воопшто не биле евидентирани во книговодството на претпријатието, открива Алексијоски.

„Тоа претставува кривично дело и за кое јас уште на предходниот управен и надзорен одбор и на Совет побарав институциите да си покренат постапка по однос на ова кривично работење.  Такви пресуди во 2018та негде околу 14 милиони ден МЈП Проаква односно РЕ Водовод Охрид успеа да ги исплати. „

За време на предходното раководство , поради испуштени работници како технолошки вишок  без исплатена отпремнина на МЈП Прокава и биле одземени два локали во центарот на градот проценети на 10 мил денари.  Од преостанатиот долг од 1 милион денес беше  исплатена последната рата, кажа Алексијоски. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top