Супер радио го прославува 25-тиот роденден

Приказната започна во ноември 1992 година, веднаш по осамостојувањето на Република Македонија. Со неа растеше и се развиваше, со неа ги помина сите детски болести, со неа стигна до 25-тата година од постоењето.

 |   | 

Во моментов програмата се емитува преку најсовремена предавателна техника на фреквенција од 97.00 Mhz на FM скалата од предавателниот пункт кај „Гореничка Чука”, од која зрачат најголемиот дел од локалните и националните медиуми во регионот на Охрид и Струга.

Големо внимание посветуваме и на информативниот дел од нашата програма. До слушателите испорачуваме кратки локални вести во 07:00, 10:00, 12:00, 14:00 и 15:15 часот. Вестите се 100 % од локален карактер и ги третираат само проблемите што ја засегаат заедницата. Вестите може да се проследат и информативните портали на станицата www.ohridpress.com.mk и www.inpress.com.mk.

Супер радио денес е препознатливо, пред се`, по модерниот радио израз, актуелната музика, вкусно избрана за постарата и помладата популација слушатели, но и по информативните содржини, што го прават еден од најцитираните медиуми во Западна Македонија. Според сите анкети на Советот за радиодифузија на РМ (сега АВМУ), Супер радио веќе петта година е убедливо најдобрата, најслушаната и највлијателната локална радио станица во Република Македонија.

Во моментов испорачуваме сопствена програма која ја создава врвна екипа од презентери, Дј-и, новинари, спикери и надворешни соработници кои остваруваат 24 часовна програма која е прилагодена кон идеалната публика и се остварува на најсовремена опрема што резултира со одличен, лесно препознатлив и моќен сигнал кој допира до слушателите.

Супер радио веќе подолг врeменски период е препознатливо во регионот и во маркетиншкиот и продукцискиот дел. Покрај сопствените авторски радио емисии, продукција на радио елементи, џинглови, авторски песни и продукција, започнавме и со креирање на видео материјали и видео проекти. Оние кои најсилно одекнаа во јавноста се секако Талент шоуто OhridSUPERSTAR, проектот Досие ОХРИД, потоа Охрид во 10, сите направени оваа година, која е славеничка за нас и во која го славиме роденденот 365 дена.

„Ако се гледа од перспектива на град како Охрид, нашиот јубилеј е само една капка во неговата големина. Сепак, тој момент кој трае веќе полни 25 години за нас е исклучително важен. Важен е како потврда дека трудот на оние стотина луѓе кои поминале низ радиото не е залуден, дека ние, кои сега ги пишуваме страниците сме ги продолжиле и надградиле нивните напори. Супер радио за мене се овие 20-тина млади луѓе кои се сега во радиото, со кои се разбираме со неколку збора или половина поглед. Тие се она вистинското Супер радио и јас им ја оддавам комплетната заслуга. Супер радио никогаш нема да е доволно СУПЕР без Јане, Тони, Жанко, Александра, Реџо, Даниела, Даниел, Јуксел, Ванчо, Радмила и сите други кои се трудат магијата да не згасне“, вели Сашо Митаноски, сопственик на радиото.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top