• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Пецаков: Зголемување на платите за 25%, просечната пензија со раст од 20% и намалување на стапката на невработеност под 10%

Пецаков: Зголемување на платите за 25%, просечната пензија со раст од 20% и намалување на стапката на невработеност под 10%


ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните се обврзува на зголемување на економскиот раст и раст на вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните, подобар и поквалитетен живот за секого, кажа на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Кирил Пецаков.

 |   | 

ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните се обврзува на зголемување на економскиот раст и раст на вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните, подобар и поквалитетен живот за секого, кажа на денешната прес конференција кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Кирил Пецаков.

„Со посветена работа и реализација на голем број проекти нашите цели се: Зголемување на платите за 25% во период од четири години; Намалување на стапката на невработеност под 10%; Домашни и странски инвестиции во износ од 4 милијарди евра за период од 4 години; и Раст на БДП од 4-5% годишно. Владата на ВМРО се обврзува да го врати претходниот начин на усогласување на пензиите со што пензиите ќе се усогласуваат и со порастот на просечната плата. “ – кажа Пецаков.

Пецаков кажа дека за еден мандат проекцијата е раст на просечната пензија од 20%. Посочи дека ќе ги следат препораките на Европската комисија за движењата на минималната плата, а со цел да се спречи одливот на работна сила. А за ублажување на негативните ефекти на корона кризата најави поддршка за сите граѓани.  

„Обезбедување дополнителна еднократна парична помош во висина од 100 евра за сите вработени лица во државата чии примања не надминуваат 15.000 денари. Обезбедување еднократна парична помош во висина од 150 евра за сите невработени лица кои не добиле помош со мерката за национални платежни картички. Обезбедување еднократна парична помош во висина од 200 евра за сите лица кои ги изгубиле своите работни места поради кризата.“- кажа Пецаков.

Со овие мерки вистински ќе им помогнеме на нашите граѓани, но истовремено ќе им помогнеме на домашното стопанство и на туризмот, заврши Пецаков и ја побара поддршката од гласачите за листата со број 14.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top