24 новозаразени со ковид во Охрид, 2 починати лица

Драматичен скок на бројот на новоинфицирани со корона вирус во Македонија. 1.197 нови случаи на заразени. Кај 8 лица од Скопје и едно од Кочани потврдено е присуство на омикрон сојот на Сарс Ков2 вирусот.

 |   | 
Модуларна болница Охрид

Во изминатите 24 часа биле регистрирани 1.197 нови случаи на заразени. Од направени вкупно 7.483 тестови во текот на вчерашниот ден, најголем број новозаразени се евидентирани во Скопје, над 10 проценти, или вкупно 766 лица. Висок е бројот на нови инфекции и во Битола – 94, како и во Прилеп – 56.

Во Охрид во денешната статистика има 24 нови случаи, а во Струга 5.

Министерството за здравство дополнително информира дека варијантата Омикрон е детектирана кај 9 пациенти. Во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2. Во лабораторијата изработени се 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци. Од вкупниот број тестирани, кај 9 пациенти, детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5% од позитивните примероци.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 366 оздравени лица, а 12 пациенти ја загубиле битката со Ковид од кои две лица од Охрид на 68 и 79 годишна возраст и едно лице од Струга. Пријавените лица се починати во болнички услови.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top