Започна пријавувањето за „Трката на Поeзијата“ на 23 мај во Струга

Регистрацијата за „Трката на Позијата“ на 23 мај во Струга започна на пладне во 12:00 часот на 15.02.2021 година, истата ќе се одвива во три фази:

 |   | 

Регистрацијата за „Трката на Позијата“ на 23 мај во Струга започна на пладне во 12:00 часот на 15.02.2021 година, истата ќе се одвива во три фази:

1 фаза: 15.02.2021 – 28.02.2021 година

2 фаза: 01.03.2021 – 04.04.2021 година

3 фаза: 05.04.2021 – 02.05.2021 година

За секоја информација обратете се лично на contact@poetryrun.mk, во директни пораки преку социјалните медиуми или преку официјалниот телефон кој што е оставен на веб сајтот.

Струга отсекогаш пленела со својата убавина и уникатност. Овој преубав град истовремено лежи и на езеро и на река и има посебна магија која не сакаме никогаш да згасне.

Струга е позната како град на поезијата, па време е да твориме нова поезија: поезија на спортот, на здравиот живот и на младиот дух што засекогаш ќе тлее во душата на стружани.

Време е заедно да испишеме нови страници во градот на поезијата. Повелете заедно да трчаме, рецитираме и да уживаме.

Како што би рекле стружани:

Ела да трчате со нас на 23 мај 2021 г.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top