• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • МЈП „Поаква“ од Охрид во претстојниот период ќе пристапи кон инфраструктурни зафати вредни повеќе од 23 милиони денари

МЈП „Поаква“ од Охрид во претстојниот период ќе пристапи кон инфраструктурни зафати вредни повеќе од 23 милиони денари

Ќе се менуваат пумпите кај Метропол, Трпејца и Љубаништа, а треба да се реализира и проект за регулација на протокот и притисокот во водоснабдителниот систем и поставување на контролни шахти на териотријата на Општина Охрид.

 |   | 

Преку изработка на проекти МЈП „Проаква“ ќе пристапи кон големи инфраструктурни зафати за регулација на протокот и притисокот во водоснабдителниот систем и поставување на контролни шахти на териотријата на Општина Охрид. Преку посветено, домаќинско и одговорно работење, пред менаџментот на најголемото јавно претпријатие во Охрид, се месеци на посветена работа, вели директорот Владимир Алексијоски.

„Преку изработока на проекти од наша страна ние само за една година имаме обезбедено 23 милиони денари. 1 милион денари искористени за фекални пумпи, 20 милиони преку рурален развој каде што есенва ќе пристапиме кон тендерската постапка и целосна промена на пумпи и екелтрика на пумпи на пумпните станици кај Метропол, Трпејца и Љубаништа“ истакна Владимир Алексиоски – директор МЈП „Проаква“.

Од МЈП „Проаква“ се во очекување на грант со кој во целост ќе можат да пристапат кон реализација на проект за подобрување на инфраструктурата на водоснабдителниот систем на градов. Станува збор за проект кој ќе биде во целост реализиран со средства од GIZ програмата и фирмата од Јордан, потенцира Алексијоски.

„Два милиони денари вреден договор потпишан со Министерството за животна средина и просторно планирање, за контролни шахти на територијата на Општина Охрид. Со наша фирма од Скопје која што е застапник на една словенска и една фирма од Јордан, во преговори сме да добиеме целосен грант за реализација на проект за регулација на протокот и притисокот во водоснабдителниот систем во вредност од 8 милиони денари“ кажа Владимир Алексиоски – директор МЈП „Проаква“.

Алексијоски додаде дека претходната управувачка структура со јавното претпријатие во 2013 година од добиен грант во висина од еден милион швајцарски франци од Швајцарската амбасада, поставило 13 нови редуктори на пумпите од колекторскиот систем. Додаде дека се дозволило тие денеска воопшто да не постојат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top