22 нови случаи на Ковид-19 од 145 тестирања

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 64 оздравени пациенти.

 |   | 

Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7. Досега во земјата се направени вкупно 19241 тестирања на ковид -19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 64 оздравени пациенти.

– Скопје 17

– Куманово 9

– Прилеп 12

– Тетово 3

– Струга 12

– Охрид 9

– Гостивар 1

– Кичево 1

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1664, бројката на оздравени пациенти е 1200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top