Охриѓани во април 2021 ќе дознаат на колкави концентрации од ПМ честички се изложени

Со доаѓањето на зимата растат стравовите дека  повторно ќе бидеме меѓу најзагадените земји во светот. Оваа година дотолку повеќе што загадувањето се поврзува и со поголемо ширење на вирусот Сарс Ков 2  и поголема смртност од Ковид 19. Во Охрид нема мерна станица во рамки на Државната мониторинг мрежа за следење на аерозагадувањето. Тоа во блиска иднина треба да се промени со  проектот Interreg Airthings финансиран со европски пари а кој заврши денеска.

 |   | 


Охриѓани не знаат каков воздух дишат. Нема официјални податоци и анализи за квалитетот на амбиенталниот воздух во поглед на загадување со ПМ честички.  Во Охрид нема мерна станица  во рамки на Државната мониторинг мрежа за квалитетот на воздухот со која управува Министерството за животна средина и просторно планирање.  Во декември минатата година беа поставени 11 мерни сензори за квалитет на воздух на неколку локации во Охрид. Тоа беше направено во рамки на  проектот Interreg Airthings финансиран од Европскиот фонд за регионален развој кој завршува денес. Од државниот инспекторат за животна средина за ТВМ откриват дека сега следуваат 6 месеци административни активности. Што значи целата мрежа од сензори ќе и биде предадена на управување  на Општина Охрид кон средината на април идната година ( 14.04.2021 год) од страна на Секретаријатот на програмата Солун/Атина.

Од прибраните податоци од мерните станици во пилот периодот требаше да произлезе анализа на квалитетот на воздухот во Општина Охрид.  Врз основа на таа анализа ќе се отценува потребата од мерна станица  за квалитетот на воздухот во градов со која управува Министерството за животна средина.
„Анализите се готови и откако ќе поминат верификација сите извештаи од Секретаријатот на програмата Солун/Атина, истите ќе бидат јавно достапни за јавноста и секако предадени на Општина Охрид.“ – велат од државниот инспекторат за животна средина за ТВМ.

Во меѓувреме податоците од мерните станици граѓаните можеа да ги побараат во реално време на веб страната на  Општината Охрид, но не секогаш и не за сите параметри беа достапни податаци изминатиов период.

„Во моментов дел од сензорите се калибрираат и не се видливи податоците, по нивната калибрација и одобрување на сите извештаи наскоро Државниот Инспекторат за животна средина во соработка со Општина Охрид ќе одржат тематски настан за медиумите за информирање на засегната јавност.“ – посочуваат од државниот инспекторат за животна средина .

Податоците за квалитетот на амбиенталниот воздух за тоа колкави се просечните но и најголемите концентрации на Пм честички е неопходно.
Спроведување на регулативи за намалување на загадувањето на воздухот за да се заштити здравјето на луѓето никогаш не било од поголема  важност од сега за време на  кризата од КОВИД 19. Министерот Венко Филипче на почетокот на месецов изјави дека загадениот воздух односно ПМ-честичките побрзо и подалеку го шират Ковид19.  Зголемувањето од само 1 μg/m3 PM2,5 (1 mikrogram  на кубен метар воздух) во однос на просекот резултира со 8% зголемување на стапката на смртност од КОВИД 19, алармира еколошка студија на  Хравард.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top