Започнува уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година со посебен протокол

Со посебни протоколи за заштита, во Основните училишта во Република Македонија, од денеска до 30-ти јуни ќе се запишуваат ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година.

 |   | 

Со посебни протоколи за заштита, во Основните училишта во Република Македонија, од денеска до 30-ти јуни ќе се запишуваат ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година.

Претходно, роковите за упис со посебна уредба на Владата беа одложени за еден месец поради заштита од заразата со COVID-19. Наместо во мај, како што е утврдено во Законот за основно образование, оваа година уписите се во јуни и родителите ќе имаат на располагање еден месец да ги запишат децата во основните училишта, а тие до 15-ти јули треба да ги објават резултатите. Владата во петокот на седница усвои протокол за спроведување на уписот на првачињата со утврдени мерки за заштита на јавното здравје и спречување да се шири коронавирусот.

Според протоколот, уписот се спроведува во термин утврден од Комисија за запишување ученици формирана од директорот на училиштето. Треба да има пауза од најмалку 20 минути помеѓу термините за разговор на членовите на комисијата со секое дете. Во паузите се забранува групирање на присутните во училиштето. Во просторијата за разговор може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од неговите родители/старатели. Најмалку два метра оддалеченост треба да има меѓу присутните, возрасните лица да носат заштитни маски и ракавици, а по секој разговор просторијата треба да се дезинфицира. На влезот од училиштата задолжително треба да има средство за дезинфекција на обувките и рацете, како и поставени едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top