Викендов во Плевен соседна Бугарија се одржа Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар, дисциплина спаринг само за деца до 14 години,на кој учество зеде и охридскиот Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид.
Викендов во Плевен соседна Бугарија се одржа Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар, дисциплина спаринг само за деца до 14 години,на кој учество зеде и охридскиот Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид. На овај натпревар настапија со 6 натпреварувачи ,од кои 5 се закитија со медали и тоа 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени.
Тренерот и претседателот на клубот Марјанчо Лазаревски вели дека е презадоволен од настапот на неговите натпреварувачи. Додава дека Бугарија има една од најјаките федерации во светот и затоа на нивните натпревари се радуваме посебно на секој медал.
Инаку конкуренцијата беше голема и квалитетна, настапивме со 3 дебитанти , со еден натпреварувач во прогрес и двајца од нашите најдобри натпреварувачи, вели Лазаревски.
Адутот на клубот младиот Давид Крстески, во борбата против Љубомир Дракалски, покажа дека се уште е врвен спортист, совладувајќи претходно 3 противници до финалето. Елена Јанеска во финале се најде со репрезентативката на Бугарија , каде и покрај судиските неправди го освои златниот медал, со што Елена почнува да ги исполнува сите критериуми за учество зa наредното Европско првенство во Прага 2019.
Валдимир Димитриевиќ го осови 3 место во неговата категорија, кој полека ги следи стапките на неговиот брат Божидар Димитриевиќ кој беше претствник на нашата репезентација на светското првенство во Пловдив оваа година. Најпријатно изненадување беа дебитантите на клубот. Хриситјана Парулеска го освои второто место во нејзина категорија, додека Софија Колушоска се закити со бронзен медал. Јохан Парулески пак, кој беше пријавен во категорија за деца 8-9 години -45 кг, поради немање на противници беше префрлен по негова желба во поголема старосна категорија во деца 10-11 години, каде имаше одлични две борби, но за жал не дојде до медал.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град