• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Божиновски : Наместо година на образованието во Охрид, 2019та ќе биде година на срамот во образованието

Божиновски : Наместо година на образованието во Охрид, 2019та ќе биде година на срамот во образованието

На првиот ден на новата училишна година од ОК на ВМРО ДПМНЕ со прашања до локалната , до каде се ветените спортски сали, промената на крововите, реконструкциите и санациите на општинските училишта. Наместо ветуваната 2019 година како година на образованието во Охрид, за жал, истата година ќе биде година на срамот во образованието, обвини денеска на прес конференција партискиот портпарол Перчо Божиновски.

 |   | 


Образованието и состојбите во охридските основни и средни училишта тема на прес конференцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ.  Наместо ветуваната 2019 година како година на образованието во Охрид, за жал, истата година ќе биде година на срамот во образованието поради дозволувањето милионски суми да бидат извршени од доверители за враќање стари обврски, обвини партискиот портпарол Перчо Божиновски.

„СДСМ и Георгиески за целиот летен распуст не успеаа ниту да ги реновираат училиштата, ниту да овозможат нормални услови за образование на младите. И овој септември сликата е распаднати ѕидови, санитарни јазли во очајна состојба, а просторните услови само се влошуваат.“ – кажа Перчо Божиновски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Од ок на ВМРО ДПМНЕ со прашање до локалната самоуправа дали ги овозможи сите услови на учениците, наставниците, родителите за сигурен и безбеден почеток на учебната година.

„До каде Ви се ветените спортски сали во основните училишта „Кочо Рацин“, „Ванчо Николески“, „Братство Единство“ во Лескајца и средното училиште „Ванчо Питошески“?
Зошто нема промена на кровните конструкции во основните училишта „Христо Узунов“, „Братство Единство“ – Лескајца, „Свети Наум Охридски“ во Пештани и Елшани и санација на таванот и кровот на училиштето во Коњско?
До кога ќе се чека реконструкција на подовите во основните училишта „Григор Прличев“ и „Кочо Рацин“ во Лакочереј, во гимназијата „Свети Климент Охридски“ и во ЕМУЦ, како и за санација на покривот во Гимназијата?
Што се случи со замената на надворешната столарија во ОУ „Христо Узунов“ и во музичкото учлиште „Методи Патче“?“ – јавно праша Божиновски.

Ветувавте награди и стимулации, а креиравте навреда на честа и достоинството на професијата наставник, кажа Божиновски.  Корумпираната власт на СДСМ ги остави учениците без инфраструктурни проекти, учебници, а на првиот училишен час и без наставници, обвини портпаролот на ВМРО ДПМНЕ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top