Престижната манифестација Ноември Месец на науката 2017 година која оваа година се одржува по втор пат, овојпат во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија , повторно достижна и за учениците од ОУ Христо Узунов од Охрид.

Матеј Исакоски и Елена Стојоска , двајцата ученици од 5 одделение, под менторство на наставничката Даниела Стојаноска , освоија втора награда за демонстрирање на експеримент од областа на хемијата.
Денот исполнет со интересни едукативни предавања , креативни работилници и добра дружба со преку 400 ученици од прво до шестто одделение од цела Македонија , за петтоодделенците од ОУ Христо Узунов заврши со високата втора награда за успешно изведен и добро образложен експеримент.
Целта на настанот е поттикнување на младите генерации да ја покажат својата креативност и знаење, со што од друга страна се врши популаризација на природните науки.
Директорот Тони Симоновски изрази голема благодарност до учениците и менторот кои ја продолжија традицијата на освојување на државни награди на овој реномиран државен настан и го промовираа ОУ Христо Узунов во Државни рамки.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град