Изгласан буџетот за Општина Охрид за 2017-та година

Советниците од опозицијата не гледаат развојни моменти во ова буџетско решение, додека, градоначалникот Бакарачески смета дека станува збор за буџетско решение со кое се прави компромис помегу задоволувањето на потребите на граѓаните и сервисирањето на огоромните долгови во кои се наоѓа општината.

 |   | 

Советниците од опозицијата не гледаат развојни моменти во ова буџетско решение, додека, градоначалникот Бакарачески смета дека станува збор за буџетско решение со кое се прави компромис помегу задоволувањето на потребите на граѓаните и сервисирањето на огоромните долгови во кои се наоѓа општината.

После вообичаено долга расправа, на денешната седница на совет, усвоен е буџетот на Општина Охрид. Со единаесет гласови за, шест против и еден воздржан изгласано е буџетското решение за 2017-та година тешко 553 милиони денари. Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески истакна дека буџетот спротивно на мислењата на советниците од опозицијата, обезбедува една развојна компонента за задоволувања на потребите на граѓаните на Охрид.

„Овозможува во исто време она што ние веќе подолго време наназад го правиме, сите овие четири години, еден вид на баланс помеѓу сервисирањата на огромните долгови на Општина Охрид, кои ние ги наследивме и во исто време резервирање на одредени финансиски средства за задоволување на потребите на градот за капитални инвестиции за развој на градот и сите сегменти кои го сочинуваат живеењето во градот Охрид“ истакна Бакрачески.

Советниците од опозицијата сметаат дека ова буџетско решение не содржи развојни моменти. Координаторот на советничката група на СДСМ Јован Стојаноски, истакна дека неговата совечничка група останува на истиот став кој го имаше при носењето на нацрт фискалната стратегија, односно граѓаните во 2017 не може да очекуваат никаков развоен буџет. Стојаноски посочи дека на локалните избори кои престојат СДСМ ќе излезе со своја програма за тие избори и ќе го ревидира и редефинира овој буџет кој општината го носи и претходните и оваа година.

„Ништо ново нема, сведоци бевте дека програмите се препишани од претходни години, а најтрагично е што општината за 9 основни училишта ќе издвои вкупно 300.000 денари за реконструкции санации и поправки на сите заедноа Министерството за образование и наука 860.000 денари. Тоа се смешни суми и нека никој не се фали дека вложуваат во основното образвоание или дека ги поправаат училиштата во Општина Охрид“ потенцира Стојаноски.

Справувањето со долговите кои зад себе со години ги влече Општина Охрид, а кои ја прават една од најзадолжените општини во државата, под итно бара ангажирање на експерти, а не политички говори, истакна советникот од ЛДП, Дејан Блажевски.

„Ова не е место за интимни исповеди, кога зборуваме за буџетот, ова е место за реално констатирање на финансиската состојба на Општина Охрид, а тоа е дека без оглед на годините кои ни претходеа, Општина Охрид , е во сериозна финансиска кондиција, неликвидност и нема да дозволам, дискутирање, ветување, праќање на розови пораки од оваа говорница интимно поздравувајќи се со 2016-та година“ предупреди Блажески.

Покрај за буџетот, советниците расправаа и по предлог одлуките за тековно работење на јавните претпријатија,и предлог одлуката за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“ Охрид кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top