2013-та, година на реализирани проекти за ЈНУ „Хидробиолошки институт“ – Охрид

Покрај тековните национални научно – истражувачки проекти, реализирани се и неколку значајни меѓународни проекти.

 |  Голабовски Крсте  | 
zavod
завод

Година на голем број активности, реализација на национални и меѓународни проекти и постигнати значајни резултати за  ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид. Една од активностите кои ја одбележаа работата на овој институт во 2013 та година е  имплементацијата на регионалниот проект за заштита и одржливо искористување на биодиверзитетот на Охридското, Преспанското и Скадарското Езеро, имплементација спорведена во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ). Проф.Д-р.Сузана Патчева, директорката на институтот ја објасни нивната улога во реализацијата на овој проект, но и бенефитот од истиот.

рибник„Хидробиолошки институт – Охрид со свои експерти е ученик на работната група за води и врши мониторинг на македонскиот дел на Охридското и Преспанското Езеро. За реализација на задачите предвидени со проектот Хидробиолошки завод доби опрема и потрошен материјал во вредност од околу 40 000 евра“ додава Патчева.

Проф. Д-р. Патчева обајснува дека од нивна страна не само во измината година, туку во континуитет се прават напори за разрешување на проблемот со намалувањето на рибниот фонд во Охридското Езеро, со усогласување на законските регулативи и начини на работа помеѓу Македонија и Албанија. Па така, за таа цел, оваа институција е во постојани контакти со нивните албански колеги.

plovilo„Oваа година исто како и претходните со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во периодот од 21-ви јануари па се до 20-ти март успешно беше реализиран вештачкиот мрест на охридската пастрмка и беа собрани околу два милиони зрна икра, што претставува зголемување за 30% споредено со минатата година, а тоа се должи на добрата физичка обезбеденост на рибните плодишта од страна на концесионерот „Пастрмка 2012“,објаснува директорката Патчева.

Покрај овие проекти мора да се споменат и големиот научен проект SCOPSCO  за утврдување на староста на Охридското Езеро, климатските промени и настанувањето на живиот свет во него, но и трансграничниот проект за мониторинг на водните ресурси, кој што Хидробиолошкиот институт го реализираше во соработка со Универзитетот „Аристотел“ од Грција, а за кој оваа наша научна институција доби целосно автоматизирано пловило кое ќе го испитува квалитетот на водата во Охридското Езеро, а кое е дел од светски најморедерната опрема.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top