2 нови случаи во Охрид 87 на ниво на држава од 987 тестирања

Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19.

 |   | 

Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 41
– Куманово 12
– Штип 16
– Тетово 10
– Струга 1
– Охрид 2
– Гостивар 1
– Пробиштип 4

На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти.

– Скопје 1
– Прилеп 2
– Тетово 2

Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3239, бројката на оздравени пациенти е 1658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1424.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top