• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Регистрирани 2.169 прекршоци поради неносење заштитна опрема, издадени 1.145 решенија за изолација

Регистрирани 2.169 прекршоци поради неносење заштитна опрема, издадени 1.145 решенија за изолација

Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 19709 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 2169 во изминатиот викенд, а 705 прекршоци во изминатото деноноќие.

 |   | 

Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 19709 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 2169 во изминатиот викенд, а 705 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на викендот извршени се 987 контроли при што се евидентирани 2 објекти кои не ги почитувале одлуките, од нив во изминатото деноноќие извршени се 212 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава за време на викендот издадени се вкупно 1145 решенија за изолација, а 738 лица потпишале изјави за самоизолација, од кои 566 решенија и 178 изјави во изминатото деноноќие. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што евидентирани се 16 лица кои не ги почитувале овие мерки, од кои 1 лице во изминатото деноноќие.

Во државен карантин се спроведени вкупно 398 лица за време на викендот, а 96 од нив се во изминатото деноноќие.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top