Вкупно 196 возила со техничка неисправност вршеле јавен превоз на патници во охридско-струшкиот регион.
Вкупно 196 возила со техничка неисправност вршеле јавен превоз на патници во охридско-струшкиот регион.
Во просек при контролите годинава полицијата затекнувала по две неисправи возила дневно. Од нив 11 биле автобуси, а останатите комбиња и автомобили, кои превезувале патници.
Најчесто неисправни им биле сопирачките, по што веднаш се исклучени од сообраќајот, а против сопствениците се поднесени соодветни пријави. Исправноста на возилата за јавен превоз е клучна за да не се случуваат страотни сообраќајни несреќи во кои згаснуваат животите на голем број граѓани.
Апелирам до сите учесници во сообраќајот, до возачите на патнички моторни возила, до возачите кои вршат јавен превоз строго да се придржуваат до одредбите за безбедност во патниот сообраќај – вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Покрај неисправноста на возилата огромен е бројот на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила.
Од сите акциски контроли кои што перманентно се спроведуваат на подрачјето на СВР Охрид во рамките на населено место или надвор од населено место, може да се заклучи дека одреден број на возачи ја пречекоруваат дозволената брзина, други управуваат под дејство на алкохол – вели Димоски.
Од почетокот на оваа година, на подрачјето на полициската станица Охрид и Органот за внатрешни работи Струга, случени се вкупно 381 сообраќајна незгода. Во Охрид двојно повеќе 259, а во Струга-122. Во нив 12 лица го загубија животот и тоа девет охриѓани и тројца стружани.
Последната траорна сообраќајна несреќа на македонски автобус вчера во Бугарија, однесе 45 млади животи, меѓу кои и малолетни деца. Претходно во 2019 година во автобуската несреќа кај Ласкарци загинаа 16 патници.
Новинар Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град