Гласаат лицата во задолжителна изолација, самоизолација и болни од Квид 19

Специјални одбори од медицински лица и политички набљудувачи изутринава од Општинската изборна комисија го подигнаа гласачкиот материјал, заштитната опрема и според здравствените протоколите започнаа со посета на пријавените гласачи во нивните домови.

 |   | 


38 лица во Охрид пријавени во ОИК дека се во самоизлоација, задолжителна изолација или болни од Ковид 19 гласаат денес. Гласањето започна утринава под посебни здравствени протоколи.

„Формирани се посебни тимови од ДИК, посебни два одбори кои се составени од тројца здравствени работници и партиски набљудувачи кои одат кај пријавените гласачи кои имаат Ковид 19 и се во изолација и самоизолација. “ – вели Климент Камнароски – претседател на ОИК Охрид.

Членовите на одборите опремени со скафандери, визири, маски и ракавици со избирачкиот материјал ги посетуваа лицата во нивните домови каде тие го остваруваа своето избирачко право на првиот од трите дена гласањето на предвремените парламентарни избори. Атмосферата во која се одвиваат изборите е невообичаена и прв пат за медицински лица на овој начин да учествуваат во процесот.

„Гласачкиот процес беше во ред, согласно сите препораки кои ги добивме согласно едукативниот материјал за начинот на кој треба да одвива гласањето кај вакви гласачи“ вели Гордана Донеска, лекар.

Гласачките одбори ја менуваат со нова сета заштитна опрема пред да се уптата на нова локација кај друго пријавено лице за гласање. Процесот со самото тоа трае долго. Гласањето ќе се одвива се додека гласаат сите пријавени лица.

Утре гласаат болни и изнемоштени лица и лица во затвор и куќен притвор. Во Охрид на вториот ден од избирачкиот процес ќе гласа  231 лице.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top