• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Усвоен протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на КОВИД-19

Усвоен протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија го усвои Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите луѓе на работното место, како што се работодавците, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите.

 |   | 

Протоколот вклучува мерки кои се однесуваат на личната хигиена и заштитна опрема, препораки за респираторната хигиена и физичкото дистанцирање во работните простории, како и редуцирање на патувања поврзани со работата, како и посебна организација кога е неопходно да се спроведат.

Протоколот за превентивни мерки за сите работни места за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 опфаќа и препораки и мерки за редовно чистење и дезинфекција на работната средина, постојана комуникација, обука и едукација за ризици, како и постапки кога е потребно менаџирање на вработените кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top