Прв случај на Ковид-19 во Македонија, Филипче и Спасовски повикаа на смиреност

Жена родена во 1970 година, која еден месец престојувала во Италија и таму била болна во последниве две недели е првата заболена од коронавирусот во земјава. На прес конференција во Владата министерот за здравство Венко Филипче, заедно со доктор Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје и премиерот Оливер Спасовски  апелираа да не се шири паника и граѓаните да се придржуваат на мерките за заштита кои ги објави Министерството за здравство.

 |   | 

Жена на 50годишна возраст, која еден месец месец била во посета на Италија, е првиот случај на заразен од коронавирусот во Македонија. На прес-конференција во Владата министерот за здравство Венко Филипче кажа дека жената две недели била болна, но во клиниките во Италија не била тестирана за  коронавирус. Во Македонија влегла утрово околу 3 часот и веднаш се упатила на тестирање на Инфективната клиника. Иако перидот на инкубација поминал и не претставувала опасност да ја пренесе болеста, сепак ќе бидат тестирани сите лица кои патувале во комбето со неа и ќе бидат ставени во 14-дневна изолација“, рече министерот. Министерот Филипче побара од газдите на фирмите кои имаат работници кои патувале во Италија, да им дозволат да не доаѓаат на работа туку да работат од дома во период од 14 дена, колку што трае периодот на инкубација. Филипче, заедно со доктор Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје,  апелираа граѓаните да се придржуваат на мерките за заштита кои ги објави Министерството за здравство.

„ Во однос на летовите остануваме на она што го препорачавме кај нас. Сите се скенирани, на сите им се даваат препораки како д апостапат. Цела Европа е отвореан затао ги скенираме патниците од било која дестинација. Почнавме  од Кина, Дубаи, Истанбул, продолживме со Италија , а сега и на сите патници.“ , рече Филипче.

Караџовски изјави дека граничната полиција постапува согласно протоколите а Епидемиолошката служба што дежура на скопскиот аеродром пак, врши скенирање со термо камера и вршат епидемиолошка анкета, а лицата со симптоми на болеста ги тргаат на страна во просторијата за изолација.

„Едно позитивно лице не претставува ризик за останатото население. Упатувам смирувачка порака дека нема простор за паника. Спремни сме за половина час да мобилизираме екипа и она што за мене е битно е дека ние владееме со состојбата. Не можеме да го спречиме трансфер на луѓе, стока, пари и капитал, но имаме контрола врз ситуацијата“, рече тој.

Премиерот Оливер Спасовски упати смирувачка порака, велејќи дека нема причина за паника.

„Сите државни служби се во целосна подготвеност, нема причина за паника, бидејќи воспоставена е контрола и преземени се сите мерки во согласност со протоколите. Преминуваме во следната фаза на справување. Граѓаните треба да се придржуваат до препораките од Министерството за здравство, а институциите имаат стручни кадри и опрема“, рече тој.

Спасовски и нагласи дека јавноста навреме ќе биде информирана за следните чекори и дека треба да останеме одговорни и на високо ниво, да им веруваме на институциите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top