Како одговор на пандемијата со Ковид-19 и имајќи ги предвид специфичните потреби и предизвици со кои се соочуваат јавните комунални претпријатија во регионот, Отворениот регионален фонд на ГИЗ за модернизација на општинските услуги, во соработка со партнерските организации, подготви неколку мерки на помош, финансирани од Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ).
Како одговор на пандемијата со Ковид-19 и имајќи ги предвид специфичните потреби и предизвици со кои се соочуваат јавните комунални претпријатија во регионот, Отворениот регионален фонд на ГИЗ за модернизација на општинските услуги, во соработка со партнерските организации, подготви неколку мерки на помош, финансирани од Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ).
Меѓу акциите што имаат цел градење на капацитетите и подобрување на состојбата на општините и јавните комунални претпријатија, ГИЗ обезбеди и пакети за итни случаи кои содржат средства за дезинфекција и заштитна опрема за сите шест земји од Западен Балкан.
Вкупната вредност на оваа мерка за справување со Ковид-19 е 400.000 евра, додека вредноста на пакетите за заштита е околу 200.000 евра. Во рамките на оваа мерка, а со поддршка на Здружението на даватели на услуги (АДКОМ), 23 јавни комунални претпријатија од 20 општини во земјава (Битола, Куманово, Струмица, Гостивар, Штип, Берово, Делчево, Кочани, Виница, Пехчево, Ресен, Прилеп, Охрид, Илинден, Радовиш, Пробиштип, Гевгелија, Маврово и Ростуше, Дојран и Неготино) добија пакети кои содржат средства за дезинфекција, маски, ракавици, заштитни одела, визири, чизми и сл. во вкупна вредност од околу 40.000 евра. Пакетите ќе бидат доставени во периодот од 16 до 20 ноември 2020 година.
„Поради пандемијата на Ковид-19, локалните самоуправи и јавните комунални претпријатија се под притисок повеќе од кога било претходно, да обезбедат соодветни услуги и да одговорат на високите хигиенски стандарди. Во Северна Македонија, сакаме да им дадеме посебна поддршка на јавните комунални претпријатија во форма на заштитна опрема и материјали за да можат да обезбедат соодветни услуги и да одговорат на високите хигиенски стандарди при заштитата на објектите, работните места, јавните површини и секако да им овозможат на вработените што подобра заштита,“ рече менаџерот на Отворениот регионален фонд за модернизација на општинските услуги, Питер Волф. „Германската развојна соработка воведе неколку мерки за поддршка за зајакнување на комуналните услуги капацитет и вкупната вредност на оваа поддршка за сите 6 земји во регионот е 400.000 евра “.
Иако не беше организиран јавен настан поради Ковид-19, официјалните лица од партнерските организации и претставниците на јавните комунални претпријатија во земјата изразија благодарност за оваа германска поддршка, во време кога општините и давателите на јавни услуги се многу погодени од влијанието на пандемијата.
“АДКОМ ја цени воспоставената соработка со ГИЗ и се заблагодарува на поддршката што ја добива веќе неколку години преку Германската развојна соработка. Конкретно со оваа поддршка, јавните комунални претпријатија добиваат материјали и заштитна опрема за вработените за ублажување на ефектите од Ковид-19 пандемијата со што ќе можат подобро да го заштитат своето, но и здравјето на потрошувачите со кои се во секојдневен контакт,“ рече Зоран Ѓоргиев, Директор на ЈКП Комуналец од Струмица и Претседател на АДКОМ.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град