Две лица извршиле обљуба врз 19-годишно душевно болно лице од Охрид

Полициската станица од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „обљуба врз немоќно лице“, поднесе кривична пријава против 30-годишниот албански државјанин А.Ч., лице со привремен престој во Охрид и против 51-годишниот К.К. од Кичево.

 |   | 
svr

Полициската станица од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „обљуба врз немоќно лице“, поднесе кривична пријава против 30-годишниот албански државјанин А.Ч., лице со привремен престој во Охрид и против 51-годишниот К.К. од Кичево.

сврПријавените во периодот од 19-ти до 20-ти овој месец, во куќа во сопственост на К.К. во Кичево, злоупотребувајќи ја нејзината душевната растроеност извршиле обљуба врз 19-годишно душевно болно лице од Охрид.

– Оштетената, на 19-ти мај оваа година беше пријавена за исчезната, по што СВР Охрид презеде мерки за нејзино пронаоѓање. На 20-ти мај во 22:40 часот, полициски службеници на булеварот „Железничка“ во Охрид, го сопреа патничкото моторно возило марка „Опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки, во кое беа двајцата пријавени и оштетената. Мерките на СВР Охрид за нејзино пронаоѓање, се водеа во координација и насоки на Јавното обвинителство во Охрид и Полициската станица во Кичево. Врз оштетената извршен е медицински преглед, извршен е преглед и претрес во патничкиот автомобил сопственост на пријавените, претрес во домовите на пријавените а преземени се и други оперативни активности за целосна реализација на настанот, информираат од СВР Охрид.

При претресите извршени по наредба на Основниот суд во Кичево, во домот на пријавениот К.К. пронајдени се предмети битни за понатамошната кривична постапка. Истите, со соодветна потврда се привремено одземени и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top