182 слободни работни места во Охрид

Податоците кои се однесуваат за првиот месец од 2014та година говорат дека во нашиот град во моментот има околу 7700 невработени лица од кои нешто повеќе од половина се сметаат како невработени лица кои активно бараат работа.

 |  Мишел Наумоски  | 
avrm
аврм

Агенцијата за вработување излезе со свежи бројки околу невработеноста на ниво на републиката како и одделно по градови.

vrabotuvanjeПодатоците кои се однесуваат за првиот месец од 2014та година говорат дека во нашиот град имаме 182 слободни работни места за вкупно околу 7748 невработени лица. Од нив, според новата систематизација која ја воведе Агенцијата, 3747 невработени влегуваат во категоријата на други лица кои бараат работа или повеќе познати како пасивни невработени, додека 4001 невработен влегле во групата на активни невработени лица. Или во превод само околу 2 проценти од вкупно невработените, во идеални услови би можеле да се вработат. На ниво на република, од 6243те слободни работни места кои се нудат, најголемиот дел се однесуваат на работни места кои не бараат висока стручна спрема. Најмногу се бараат продавачи, келнери, работници за производствена линија, магационери, шивачи, хигиеничари.

На ниво на републикава пак, како невработени лица кои активно бараат работа се категоризирани 97.458 лица, додека 122.563 влегуваат во групата на пасивни невработени.  Според овие податоци, во месец Јануари 2014та година во нашата земја имаме вкупно невработени 220.021 лица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top