• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Рестораните од денеска со работно време до 18:00 , забранети се прослави, собири и групирања

Рестораните од денеска со работно време до 18:00 , забранети се прослави, собири и групирања

Од денеска почнува примената на рестриктивните мерки што ги донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на коронавирусот.

 |   | 

Од денеска почнува примената на рестриктивните мерки што ги донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на коронавирусот.

Со мерките кои ќе бидат во сила до 20-ти јануари, работното време на угостителските објекти се скратува до 18:00 часот, а се забранува и организирање и одржување прослави на претстојните новогодишни и верски празници. Овие мерки, според надлежните, имаат за цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од COVID-19 во престојниот период на празници, јави МИА.

Мерките не дозволуваат ниту организирање Нова Година на отворен и затворен простор од физички и правни субјекти. Ова се однесува и на јавните институции, поради што на општините и на сите организации основани од локалната самоуправа им се укажува дека освен што е забрането секакво групно собирање и организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, треба да се откажат и прославите што се веќе евентуално закажани.

Во рестриктивните мерки е вклучена и забраната за хотелите за организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници. И тие, ако веќе имаат организирано новогодишни прослави, треба да ги откажат. Во угостителско-сместувачките објекти (хотели, мотели, хостели) и нивните ресторани се ограничува работното време до 21:00 часот. Тие ќе може да работат исклучиво за пансионските гости и само за време на послужување на оброците. Се ограничува работното време и во кафетериите, баровите и шанковите во угостителските сместувачки објекти до 18:00 часот.

Со новите мерки се забранува и изнајмувањето викендици и други туристички капацитети за сместување, за групно собирање и организирање прослави по повод претстојните новогодишни и верски празници, освен за лица од едно, исто семејство.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top