Во изминативе 24 часа се евидентирани нови 490 случаи на заразени со Ковид-19 од направени 3.073 тестирања. Речиси половина од нив се во Скопје.
Во изминативе 24 часа се евидентирани нови 490 случаи на заразени со Ковид-19 од направени 3.073 тестирања. Речиси половина од нив се во Скопје.
Според податоците кои ги објави Министерството за здравство, во Скопје има нови 223 случаи, во Куманово 38, Прилеп 33, Велес 32, Штип 24, Битола 20, Кавадарци 19, Охрид 17, Крива Паланка 16 и Кочани 10. Во Кичево има осум нови случаи, Македонска Каменица шест, Гевгелија пет, Струмица, Радовиш и Пробиштип по четири, Тетово, Делчево, Виница, Валандово, Кратово и Демир Хисар по три, Гостивар, Струга и Неготино по два и Свети Николе, Ресен и Богданци по еден нов случај.
Евидентирани се и 11 починати лица од кои четворица од Скопје, тројца од Куманово, двајца од Прилеп меѓу кои и најмладиот починат пациент со 25 години и по едно починато лице од Струмица и Радовиш. Сите се починати во болнички услови – велат од Министерствотоза здравство.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 13.10.2021 до 19.10.2021 година. Регистрирани се три починати лица од Крива Паланка, Куманово и Гевгелија, на возраст од 52 до 95 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.646, бројката на оздравени пациенти е 185.660, на починати е 7.012, а бројот на активни случаи изнесува 5.974.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град