„Охрид во чест на великанот Бетовен“ од 17ти до 24 декември

Охрид во чест на Бетовен е проект на ЛК Лихнидос кој од 17ти до 24 декември ќе му даде европски шмек на градот. Охриѓани ќе ја слушаат Ода на радоста во македонскиот 7/8ски такт, симфонии ќе се пуштаат преку озвучување на кеј Македонија и на кружните текови. Со музицирање, Графити, видеа и низа други активности Охрид ќе испрати порака за љубов и ќе покаже како се негуваат европските вредности чествувајчи 250 години од раѓањето на еденод најголемите композитори во историјата,  вели за ТВМ,   инцијаторот Проф Зоран Тунтев. 

 |   | 

„Ода на радоста“ на генијалниот Бетовен во уникатниот македонски 7/8 такт. 100 уметници од охридскиот музички еснаф го музицираа на Антички театар најпознатото дело на Лудвиг Ван Бетовен во чест на јубилејот 250 години од неговото раѓање.

„Тие трубадури, тие Садиловци, сите заедно одлучивме даго отсвириме и отпееме Бетовен адекватно, бидејќи на спотот ќе ги видите и Ѓоко Таневски и Жармена Китрозовска, ја свириме и пееме Ода на радоста во 7/8ски такт. Тоа е една генијална идеа на класична музика со македонски шмек. Најдобар наслов на тој спот би бил „Кога Бетовен би бил Македонец“. вели Проф. Др Зоран Тунтев од ЛК „Лихнидос“, иницијатор на проектот.

Видеото за Ода на радоста е само еден дел од проектот на ЛК „Лихнидос“ а чиј иницијатор е проф. Зоран Тунтев.  Со видео спотови, големи платна, билборди, плакати, озвучување на кејот и кружните текови во градот со музиката на Бетовен од 17ти до 24ти декември и други пригодни настани симболично ќе му биде оддадена почит на музичкиот гениј Бетовен. Охрид е град во кој се родил, живеел и починал друг гениј , Св. Климент, творецот на Кирилицата и веројатно наједуцираната личност на светот во своето време. Поради тоа ние охриѓаните имаме чест, но и обврска да ги спомнуваме личностите кои низ долгата културна историја на Европа оставиле најдлабоки траги, вели Тунтев. 250 локални уметници, со голема љубов и ентузијазам се вклучени во проектот „Охрид во чест на великанот Бетовен“.

„Тие 250 уметници свират, пеат, музицираат , цртаат графити, поставуваат плакати, малку го раздвиживме градов, се со цел да му покажеме на светот како треба еден град на гениј да се однесува кон други такви гении.  Основната идеа е Охрид да добие европски шмек , да зазвучи бетовеновски. Притоа мислам дека ова е најдобра лекција за балканците како се негуваат европските вредности, најдобра порака кон светот што можеме да ја испратиме ние охриѓани и од Македонија како ние ги негуваме тие вредности и таа порака е полна со љубов и желба за здравје , мир и подобра иднина. Посебно во вакви времиња на страв, неизвесност и тешки премрежја ние охриѓани одлучивме да пуштиме музичка порака полна љубов. “- порача Тунтев. 


Во одбележувањето на 250 години од раѓањето на Лудвиг Ван Бетовен вклучени се Охридскиот музички еснаф, Градскиот хор „Vox Lychnidos“, ученици и професори од основното музичко училиште „Методи Патче“, хорот на Гимназијата „Св. Климент Охридски“ и Културолошка иницијатива „5 до 12“. Финансиска помош обезбеди германската амбасада, Општина Охрид и техничка помош и поддршка од приватни фирми од Охрид. ТВМ телевизја, како и секогаш, со поддршка на проекти и активности кои го збогатуваат културниот живот во градот, како медиумски покровител ќе ги емитува промотивните видеа „Охрид во чест на Бетовен“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top