Последниве години полициското работење покажува добри резултати.
Оваа оценка е на регионално ниво, што зборува дека Македонските безбедносни сили може да се вклопат во светските рамки.
Охрид е домаќин на петдневниот годишен состанок на меѓународниот симпозиум на претставниците на извршно ниво на полиција. Средбата се одржува со Високи полициски претставници од сите континенти во светот. Учесниците се дел од 16 тата годишна ИПЕС конференција која е посветена на развојот на полициското работење.
Директорот на Бирото за јавната безбедност, Љупчо Тодоровски изјави дека овие состаноци, имаат за цел подобрување на работата и соработката на полицијата со општеството, со приватниот и општествениот сектор, а посебно ја потенцираше одличната соработка, која според него треба да се продлабочи на оперативно ниво.
Председателот на Меѓународниот извршен симпозиум Делип Дас, кој е и одговорен за основањето на ИПЕС Невладината Америчка организација, пријатно е изненаден од Македонското гостопримство, и посебно е почестен што Охрид е домаќин на овој голем настан. Др Делип Дас рече дека Македонските полициски сили се нови предизвици на демократијата.
Од страна на Директорот на Бирото за јавна безбедност Тодоровски, беше нагласено дека македонската полиција досега има покажано добри резултати во борбата против криминалот, против корупцијата, трговијата со дрога, со луѓе и оружје, а дел од тоа искуство сакаат да го слушна и од нивните колеги.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град