• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • 14 кривични пријави за правни и физички лица кои стопанисувале со плажите и не плаќале закуп

14 кривични пријави за правни и физички лица кои стопанисувале со плажите и не плаќале закуп

Кривични пријави за узурпација на државно земјиште и противправно стекнување со приходи од стопанусување со плажите поднесе општина Охрид за 14 правни и физички лица. Ова денеска го обелодени Градоначалникот Константин Георгиески и додаде дека токму со плажите ќе продолжи акцијата за отстранување на дивоградби. Согласно Планот за управување со охридскиот Регион во првата заштитна зона не се дозволени градби од траен или времен карактер.

 |   | 

Општина Охрид поднесе 14 кривични пријави за узурпација на земјиште во сопственост на државата  до правни и физички лица кои што обавувале стопанска дејноста на плажите на крајбрежјето .

„Во тек се вештачења и пресметка на износ кој би требало да го платат по основ на закуп со оглед на тоа дека на лице место обавувале дејност и се стекнале со одреден износ кој до ден денес не е исплатен.“ – изјави Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

За оние физички и правни лица за кои општината располага со податоци дека обавувале стопанска дејност на плажите и противправно остварувале приход пријавите се поднесени до ОЈО Охрид.

„Меѓутоа има и дел на плажи за кои ние не знаеме кој обавува таму дејност. Дел од нив не издаваат фискални сметки ниту имаат регистрирана фирма  и тие пријави се поднесени до СВР. “ – кажа Георгиески.

Токму плажите ќе бидат први исчистени од нелегални објекти со продолжување на акцијата за отстранување дивоградби. Со одредбите во Планот за управување со Светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион, во КП 1.1 односно  првата заштитна зона, која се формира во појас од 50 метри, сметано од границата на катастарска парцела Охридско Езеро не смее да има градби од траен или времен карактер.

„Во тек е тендерска постапка за избор на фирма за отстранување на дивоградбите. Веднаш штом ќе заврши постаката ќе продолжи акцијата за отстранување на бесправните градби. Очекувам дополнителни средства од државата а и општината со ребаланс ќе одвои средства.“

Дивоградбите во Охрид и крајбрежните трансформации беа нотирани од реактивната мисија на УНЕСКО како најголем проблем кој го загрозува статусот на регионот како уникатна светска вредност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top