• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Комисијата за заразни болести предлага 14 дневна самоизолација за патниците од Велика Британија, владата ги забрани сите летови од Велика Британија

Комисијата за заразни болести предлага 14 дневна самоизолација за патниците од Велика Британија, владата ги забрани сите летови од Велика Британија

Комисијата за заразни болести предлага 14 дневна самоизолација за патниците од Велика Британија, напиша на својот Фејсбук профил Министерот за здравство Венко Филипче.

 |   | 

Комисијата за заразни болести предлага 14 дневна самоизолација за патниците од Велика Британија, напиша на својот Фејсбук профил Министерот за здравство Венко Филипче.

Ова е предлог заклучок од утринскиот состанок на Комисијата за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија. Предлог мерката ќе биде предложена на координативниот штаб, а ја донесовме превентивно по информациите дека нова мутација на ковид-19, се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позаразна. Засега, Комисијата не ја разгледува опцијата за предложување на дополнителна мерка, како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно рестриктивна мерка за влез или излез од земјава.

Владата ги забрани сите летови од Велика Британија во земјава, соопшти премиерот Зоран Заев, по појавата на мутацијата на ковид-19. Комисијата за заразни болести утрово препорача само 14-дневна изолација за патниците од Британија, но не и забрана.

„После најновите информации поврзани со појавата на забрзано ширење на коронавирусот во Велика Британија, на денешниот главен кризен ковид-штаб донесовме одлука за забрана за сите летови од Велика Британија во Северна Македонија. Дополнително, се воведува и задолжителна 14-дневна самоизолација за сите патници што по воздушен или копнен пат, директно или индиректно пристигнуваат од Велика Британија во Северна Македонија“, напиша Заев на Фејсбук.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top