Владата ги затвори градинките, училиштата и факултетите во следните 14 денови

Владата ги затвори образовните институции и забрани публика на спортските натпревари во следните 30 денови.Се забрануваат масови собири и настани во отворен и затворен простор со над 1.000 посетители на територијата на целата земја. Задолжителна самоизолација за сите кои доаѓаат од средно и високоризичните држави. Ова се дополнителните мерки за спречување на ширењето на корона вирусот кои ги усвои владата денеска по препорака на Комисијата за заразни болести.

 |   | 

Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција информира  дека владата ги усвоила на седница препораките кои претходно ги даде Комисијата за заразни болести.


Да се прекине образовниот процес, градинките, основните и средните училишта во следните 14 денови; Да се ослободат вработените од работните обврски во овие институции; За еден родител до 10 годишна возраст на децата ќе се дозволи отсуство од работа кое ќе биде целосно платено во сите јавни и приватни институции; Се забрануваат масови собири и настани во отворен и затворен простор со над 1.000 посетители на територијата на целата земја а се препорачува да се откажат или неорганизираат и настаните и под оваа бројка. Се забранува одржување на спортски натпревари со публика во периодот од следните 30 дена на територијата на целата држава; Се воведува задолжителна самоизолација за сите лица кои доаѓаат од средно и високоризичните држави согласно листата од СЗО, изјави Филипче.

Државата забрани извоз на медицинска опрема и медицински средства од страна на економските оператори од земјава, во врска се сето она што би можело да биде потребно за третман на пациенти заболени од корона вирусот.  Физичките и правните лица кои нема да ги почитуваат препораките ќе бидат казнети согласно кривичниот закон.

Владата препорачува на возрасните и хронично  болните категории граѓани да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз. Се препорачува граѓаните да не патуваат во земјите со висок и среден ризик согласно листата од СЗО.

Министерот соопшти дека денеска нема нови регистрирани заболени а сите 7 досегашни пациенти се во добра состојба и болеста кај нив е манифестирана во лесна клиничка форма.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top