ОО на Црвениот крст денеска претстави дел од тимот спасувачи од единицата за безбедност на вода, кој стои на располагање и за оваа туристичка сезона Тимот е екипиран и со луѓе и со медицинска опрема.
ОО на Црвениот крст денеска претстави дел од тимот спасувачи од единицата за безбедност на вода, кој стои на располагање и за оваа туристичка сезона Тимот е екипиран и со луѓе и со медицинска опрема.
Секоја година расте бројот на заинтереираните кандидати за спасители. Од неколку во 2004 год, сега тимот брои преку 130 членови. Спасителите од единицата за безбедност на вода се обучени според меѓународни стандарди и критериуми, вели претседателот на ОО на Црвениот крст.
Според законските норми 660 метри квадратни обележана водена површина треба да има 1 спасител, до 1500 метри квадратни 2 спасители и се така пропорционално нагоре. Досегашното искуство покажува дека капалиштата мора да бидат соодветно обележани, вели Точков.
„Во текот на јуни правиме контроли да видиме дали и колку плажите ги исполнуваат нормите и критериумите за функционирање и нивно отворање. Оваа активност ја правиме во соработка со министерството за транспорт и врски. Делот кој е прописно обележан е под контрола на спасителите. Апелираме до гостите и капачите кои ќе дојдат, а не се чувствуваат добри пливачи, да не го напуштаат тој простор туку да пливаат во заградениот простор, а со тоа постојано да им бидат пред очи на спасителите“, вели Точков.
Инаку според статистиката на ОО на Црвениот крст единицата за безбедност на вода интервенирала многу пати. Минатат година од класично давење, спасителите , спасиле 11 луѓе, од кои 4 деца, а од 2004 год до денес биле извлечени околу 30 давеници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град