Главниот координативен кризен штаб достави барање до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со престанокот на важноста на издадените решенија за домашна изолација за лицата кои се вратиле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19. Денеска (25.06.2020 година), Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно член 136 став 1 алинеја 4 од Законот за општата управна постапка (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 124/15 и 65/18) донесе Одлука со која го запира извршувањето на сите негови решенија донесени во периодот од 13.06.2020 година до 25.06.2020 година за ставање на лица под здравствен надзор и домашна изолација кои влегле во Република Северна Македонија со негативен ПЦР тест на КОВИД-19 и потпишана изјава, како и решенијата издадени за лица кои се ослободуваат од државен карантин со негативен ПЦР тест на КОВИД-19, по нивното враќање во Република Северна Македонија, од земја со висок/среден ризик за КОВИД-19, а спроведените дејствија по истите решенија се поништуваат.

Одлуката, согласно Закон, ќе биде објавена во Слободен печат во текот на два последователни дена почнувајќи од 26.06.2020 год., а потоа и еднократно во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град