Василевски: 1200 проекти вредни 600 милиони евра за македонските земјоделци

Кандидадтот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, Сашо Василески денес во селото Горно Лакочереј, истакна дека „ВМРО-ДПМНЕ“ во програмата „РЕАЛНО“,  има над 1200 проекти вредни 600 милиони евра,  од областа на земјоделството кои треба да се резлизираат во период од три години, а кои се во интерес на развој на земјоделството и македонските села, додавајќи притоа дека субвенциите остануваат да бидат помошта која им е потребна на замјоделците за одржување на нивниот развој.

 |   | 

Покрај системскиот пристап за заштита од поплави, а во насока на времено спречување на последиците ваквивите природни непогоди, Василески посочи уште неколку проекти на програмата „РЕАЛНО“, кои се значајни за развојот на земјоделството и руралните средини.

„Тоа е проектот поволни кредити за земјоделството, преработувачката индустрија и откупот на земјоделските производи. Ќе продолжиме со доделување на поволни кредити со субвенционирана каматна стапка од 4-5% на годиншно ниво кои се наменети за примарното земјоделство и примарното земјдоелско производство, преработувачката индустрија и откупот на земјоделски производи или 2% преку компензационите фондови. Субвенционирање од 50% на каматните стапки за инвестициите од ИПАРД фондовите, односно 80% за малд земјоделец за инвестиции капка по капка. За регистрираните вршители на земјоделска дејност од Законот за вршење на земјоделска дејност како и индивидуалните земјоделци согласно законот за пензиско и инвалидско осигурување, ќе продолжат да се обезбедуваат 20% повисоки плаќања. Предвиден е гарантен фонд за полесен пристап до земјоделските кредити и поголема заштита на земјоделските поворшини од штети на земјоделскиот имоt“ објасни Василески.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top