Охрид започна со чествувањето на големиот национален празник, 11ти Октомври

Охрид започна со чествувањето на големиот национален празник, 11ти Октомври. Претседателката на Совет, Д-р Гордана Коњаноска зборуваше за значењето на овој ден и за развојот на Охрид во слободна Македонија.

 |  Јаковлева Лионела  | 
deca
деца

Општина Охрид со свечено обраќање на претседателот на совет, Д-р Гордана Коњаноска започна со чествувањето на11 Октомври, денот на востанието на Македонија.

Овој ден од македонската историја, не е само симбол на македонската борба за слобода, туку е и ден кога е поставен еден од темелите на македонската државност, рече Д-р Гордана Коњаноска -претседателката на Совет.борци

Коњаноска подвлече дека на овој ден им оддаваме почит на сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание. Наша должност останува да го чуваме она за што тие го дадоа својот живот. Нашата историја не мотивира да чекориме напред, да веруваме во себе, додаде претседателката.

Охрид сите овие изминати години расте и се развива, но притоа успева да ја сочува својата одлика на репрезент на нашата држава, додаде Коњаноска.

11 Октомври е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Тој ден не само што ја напишал нашата поблиска историја туку е основа за нашата и иднината на нашите деца, рече Коњаноска.

Свеченоста по повод 11ти Октомври беше организирана од Општина Охрид и Општинската организација на борците од Охрид и Дебрца. Присутен беше и Градоначалникот Д-р Никола Бакрачески, а средношколците од Гимназијата Св. Климент Охридски ја збогатија оваа пригода со рецитал, музичка изведба, а настап имаше и дел од хорот од овој средношколски образовен центар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top