116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ

Денеска се навршуваат 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ што се одржа во манастирот Прохор Пчињски, на кое беа поставени темелите на современата македонска држава.

 |   | 

Овие два датуми се длабоко врежани во колективната меморија на нашиот народ. Двата Илиндена претставуваат историски темелник на македонската самобитност, непокор и слобода.

Годишнините од Илинден и АСНОМ ќе бидат одбележани со народни собири и свечености во Скопје, Пелинце и Крушево, каде оваа година ќе се одржи централната манифестација.

Празникот свечено ќе биде одбележан и во Охрид. Свеченостите почнаа синоќа во Велгошти, со положување свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците и пригодна културно уметничка програма.

Утрово ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците во градскиот парк во Охрид, а во 11 часот во село Плаќе предвиден е историски час.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top