Охрид меѓу топ 10 дестинации според британски Гардијан

Охрид се најде меѓу листата на десетте топ туристички дестинации за младите студенти во Велика Британија направена од британскиот весник Гардијан. Охрид е на истата листа со Хавана, Ибица, Хамбург…

 |   | 
Ohrid
Охрид-топ 10 дестинации

Ohrid top 10 destinaciiОхрид се најде меѓу листата на десетте топ туристички дестинации за младите студенти во Велика Британија направена од британскиот весник Гардијан. Охрид е на истата листа со Хавана, Ибица, Хамбург…

Истражувањето го направи британскиот ’Гардијан’ во кое беа вклучени сегашни и поранешни студенти кои ги раскажуваа своите искуства и авантури од летните одмори кои ги минувале на повеќе локации низ светот.

Според Гардијан, не постои човек кој може да остане индиферентен и неимпресиониран од религиската толеранција и хармонијата која ја доловуваат црквите и џамиите распространети низ целиот град.

galicicaЗа обожавателите на ноќниот живот, Гардијан предложи забава на брод, а за љубителите на природата весникот ја препорача планината Галичица од каде може да се ужива во неверојатната глетка на зајдисонцето.

За карактеристично македонско јадење го препорача македонскиот кебап, на чиј вкус ретко кој може да му одолее.

Вакво рангирање, Гардијан прави секоја година и за таа цел ги прашува студентите ширум светот, каде си поминале незаборавен летен одмор минатото лето.

„Кога тие часови ги поминувате во прекрасно возење и уживате во звуците на македонската традиционална музика тешко е да се заборави една такво патување“ , раскажува Адам Бар, дипломиран студент.

„Светското богатство под патронат на Унеско е сублимат на вкусови и расположенија. Уживајќи во погледот на езерото не може да останете рамнодушни на религиската толеранција и хармонија со џамии и цркви распослани насекаде низ градот“, рече Бар, советувајќи да не се пропушти да се проба еден посебен специјалитет – ќебапчињата.

Дипломецот Бар посочува дека вистинско уживање нудат прошетките со брод, како и одличната глетка на Националниот парк Галичица.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top